Сабаленка со победа стартуваше на Мастерс Купот

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Чехињата Каролина Мухова во натпревар од групната фаза на финалето на ВТА (7-6/2, 7-5).

Дваесет и осумгодишната Сабаленка стана тенисерка со најмногу победи, вкупно 13 во натпреварите на финалето на ВТА меѓу оние кои никогаш не го освоиле турнирот. Таа се израмни со Французинката Мери Пирс.

Ова е шести последователен настап на белоруската тенисерка на главниот настан, завршниот турнир во тениската сезона.

Во сезоната 2026, Сабаленка освои титули во Бризбејн, Индијан Велс и Мајами, а исто така стигна до финалето на два Гренд слем турнири – Австралија Опен и САД Опен.