Сабаленка шокирана на стартот на Мастерсот во Рим

Романската тенисерка Сорана Кирстеа, која го прослави својот 36-ти роденден во април, се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим. Кирстеа забележа една од најголемите победи во кариерата, во Рим славеше против најдобрата во светот, Арина Сабаленка.

Романката славеше по голема драма во три сета, со 2-1 (2-6, 6-3, 7-5).

Во дуелот помеѓу првата и 27-та во светот, сè започна како што се очекуваше, со рутинска игра и Сабаленка која го доби првиот сет со два брејка.

Сепак, дури ни тогаш не беше целосно задоволна од својата игра, а потоа, видливо нервозна, почна драстично да паѓа.

Искусната Кирстеа почувствува дека противничката е во криза и тргна во напад, па дури и три пати ѝ го одзеде сервисот на Сабаленка и успеа да го израмни резултатот со 6-3.

Сабаленка тонеше кон поразот и тоа беше веќе навестено во првиот гем од третиот сет кога Романката направи нов брејк и сè зеде во свои раце. Но, женскиот тенис е секогаш непредвидлив, па веќе во следниот гем Белорусинката го врати сервисот, а потоа направи пресврт.

Сепак, 36-годишната Кирстеа прави нов пресврт и со дополнителен брејк стигнува до 5-3, и сервис за победа, но дури и тогаш не успеа. Се очекуваше дека Сабаленка ќе изврши притисок и ќе го комплетира пресвртот, но не беше така.

Кирстеа возврати со ри-брејк“, повторно сервираше за победа и по два часа и 15 минути славеше голем триунф.

Во следната рунда чека ја Линда Носкова од Чешка, која претходно во текот на денот ја победи Украинката Олињукова со 2-0.