Сабаленка ќе пропушти неколку турнири оваа зима

Во пресрет на првиот Грен слем турнир Австралија Опен најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го привлече вниманието. Таа изјави дека во плановите за оваа сезона и е настап на помалку турнири, како би го одморила своето тело.

Сезоната е дефинитивно луда. Тенисерките се повредуваат, а на некои турнири настапував и болна и бев навистина исцрпена, истакна Сабаленка која настапува на турнирот во Бризбејн.

Според правилата на ВТА најдобрите тенисерки во сезоната мора да ги одиграат четирите Грен слем турнири, десет од серијата 1.000 и шест од серијата 500. Доколку неоправдано отсуствуваат постои можност да бидат казнети парично и со одземање на бодови.

На турнирот во Бризбејн, Сабаленка во полуфиналето ќе игра против Каролина Мухова.