Савиќ пред промоција во Трабзонспор
Црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ е нов соиграч на Енис Барди во Трабзонспор. Тој е уште едно ново засилување за турскиот клуб ова лето. Дефанзивецот на Атлетико Мадрид се пресели во турскиот клуб како слободен играч.
Савиќ се договори со раководството на Атлетико уште во мај за да биде ослободен без трансфер. Савиќ ќе потпише договор со Трабзонспор на две години, откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи закажани за оваа недела.
Централниот дефанзивец помина девет сезони со тимот на Атлетико и беше миленик на навивачите поради неговата посветеност.
Трабзонспор веќе се засили со Озан Туфан од Хал Сити, Денис Драгуш од Стандард Лиеж и Борна Баришиќ и Џон Лундстрам од Ренџерс.