Савиќ уште три години во одбраната на Атлетико Мадрид

Стефан Савиќ го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2024 година. Мадридскиот клуб официјално објави дека Савиќ потпишал договор до јуни 2024 година.

Во Атлетико Савиќ пристигна во 2015 година од Фиорентина за 10 милиони евра и брзо стана незаменлив во стартниот состав. За Атлетико веќе запиша 202 натпревари, а со заминувањето на Диего Годин стана столб на одбраната.

Савиќ кариерата ја почна во БСК Борча, после една сезона во Партизан премина во Манчестер Сити. Подоцна играше за Фиорентина три сезони и од таму пристигна во Мадрид.