Садио Мане бара иста плата со Салах
Членот на Ливерпул, Садио Мане наводно ја отфрлил првичната понуда на клубот за нов договор. Како услов за потпишување на нов договор тој побарал плата која би била еднаква со онаа на неговиот тимски колега Мохамед Салах.
Договорите на двајцата играчи со клубот од „Енфилд“се со важност до 2023 година и во клубот веќе започнаа со интензивни преговори за нивно задржување во Ливерпул.
Според информациите Мохамед Салах барал зголемување на платата на 300.000 фунти неделно, а Мане очекува и тој да ја добие истата понуда со оглед на неговата досегашна верност со клубот.