Садио Мане дефинитивно се сели во Баерн

Бројни спортски медиуми ја пренесуваат веста дека Ливерпул и Баерн Минхен постигнаа договор за трансферот на Садио Мане во баварскиот гигант.

Мане веќе ги договори личните услови и ќе потпише договор на три години. Како што се наведува во информациите, целата трансфер зделка ќе изнесува 41 милиони евра. Баерн веднаш ќе плати 32 милиони евра а остатокот ќе се исплаќа во вид на бонуси кои ќе зависат од бројот на настапи, како и од личните и тимските успеси.

Садио Мане на Енфилд помина шест години и вкупно постигна 120 гола на 269 натпревари.