САД го објави „дрим-тимот“ кој ќе патува на Олимписките игри
Кевин Дурант, двократниот освојувач на златен олимписки медал, ќе ја предводи американската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во Токио.
Заедно со ѕвездата на Бруклин Нетс, на списокот играчи кои ќе настап за репрезентацијата се и Бам Адебајо (Мајами), Бредли Бил (Вашингтон), Девин Букер (Феникс), Џерами Грант (Детроит), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Џру Холидеј (Милвоки), Зек Лавин (Чикаго), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Кливленд), Крис Мидлтон (Милвоки) и Џејсон Тејтум (Бостон).
Америчкиот дримтим ќе го предводи тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, а ќе му асистираат Стив Кер, Џеј Рајт и Лојд Пирс.
Џери Коланџело ќе биде менаџер на репрезентацијата.
Кошаркарската репрезентација на САД досега освоила 15 златни олимписки медали, славејќи на последните шест Олимписки игри.