Саинс е блиску до нов договор со Ферари

Шпанецот Карлос Саинс најверојатно ќе продолжи во Ф1 тимот на Ферари и по завршетокот на оваа сезона.

Саинс пристигна во Ферари минатата година како замена за Фетел и потпиша договор на две години. Во својата прва сезона имаше четири искачувања на подиумот, а одлично ја започна и оваа сезона. Тој го освои второто место на трката за Големата награда на Бахреин, веднаш зад тимскиот колега Леклер.

„Сите детали се договорени. Сега само треба договореното да го пренесеме на хартија. 99 проценти е се решено“, изјави шефот на Ферари, Биното.