Сака вети дека ќе се врати посилен по повредата
Арсенал скапо ја плати убедливата победа против Кристал Палас остварена со резултат 5-1, од едноставна причина што „топчиите“ по вторпат оваа сезона останаа без клучен фудбалер во првиот тим.
По непријатната повреда која ја имаше капитенот Мартин Одеград, сега уште посериозна повреда заработи Букајо Сака, па поради тоа англиското крило мораше да направи и операција за да го санира проблемот на задната ложа.
– Мнозинството гледа пречки, но малкумина гледаат можности. Закрепнувањето започна и ќе се вратам на теренот посилен! Ви благодарам на сите за пораките…. Ова е планови на Бога….“, порача Сака.