Сака не е сериозно повреден, се враќа на терените веќе следниот викенд
Фудбалерот на Арсенал Букајо Сака поради повреда нема да настапи на вечерашното гостување на Англија против Финска, откако крилниот офанзивец доби зелено светло да се врати назад во својот клуб во Лондон.
Сака не би требало долго да паузира откако последните информации покажаа дека повредата на мускулот на десната нога не е сериозна.
Првичните прегледи ја отфрлиле можноста за кинење на мускулот, па сега најверојатно ќе следи неколку дена целоно мирување пред Сака да се приклучи на тренинзите на својот тим.