Сака останува во Арсенал, доби најголем договор во клубот

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака го продолжи договорот со клубот. Ова го објави официјалниот сајт на Арсенал.
Терминот на договорот не беше соопштен, но јасно е дека договорот е долгорочен.
„Навистина сум среќен. Се зборуваше многу и помина многу време, но сега сум тука. Мислам дека ова е вистинскиот клуб, вистинското место за да се направи следниот чекор. Тоа е голем клуб – погледнете каде сме. За мене се работи за остварување на мојата лична амбиција, се трудам и давам се од себе на секој натпревар. Опкружен сум со сите вистински луѓе во однос на семејството, а кога доаѓам на тренинзите, моите соиграчи, стручниот штаб се чувствувам како да сум од секогаш овде. Мислам дека имам се што ми е потребно за да бидам најдобриот играч што можам да бидам и затоа сум среќен што останувам овде и ќе бидам тука во иднина бидејќи навистина верувам дека можеме да направиме големи работи“, рече Сака.
21-годишниот напаѓач, кој се појави на сите натпревари во Премиер лигата во изминатите две сезони, постигна 14 гола во сите натпреварувања во сезоната 2022/2023 и исто така даде 11 асистенции. Досега Букајо Сака има 178 настапи за Арсенал.