Сака се повреди во победата на Арсенал против Ливерпул

Лондонски Арсенал го победи Ливерпул вчера во мечот од 23. коло на Премиерлигата со 3-1, а крилото на „топчиите“, Букајо Сака кој го постигна првиот гол, на крајот на мечот пријавил повреда. Во 77. минута од натпреварот, 22-годишниот Англичанец со рака му посочи на стручниот штаб дека му е потребна лекарска помош, покажувајќи на пределот на глуждот.

Засега нема информација за сериозноста на повредата и дали тој ќе биде во тимот за следниот меч на Арсенал. Артета по мечот само напомена дека се надева дека Сака ќе биде добро.

Следниот натпревар тимот на Артета е на 11 февруари против Вест Хем Јунајтед.