Салах: Би сакал да играм за Ливерпул до крајот на кариерата
Звездата на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека би сакал да игра за Ливерпул до крајот на кариерата, но дека тоа „не зависи од него“.
Договорот на Салах со Ливерпул истекува во летото 2023 година, и во моментот се водат преговори за потпишување на нов договор кој би го задржал Египјанецот на Енфилд. Според медиумите од Англија менаџерот на Салах доставил барања до раководството на Ливерпул за плата од 400.000 фунти неделно.
“Не зависи од мене, но ако ме прашате, би сакал да останам до последниот ден од својата кариерата. Тоа е надвор од мојата контрола, се зависи од тоа што сака клубот. Во моментов не можам да замислам да играм со некој друг клуб против Ливерпул „Би било многу тешко, не сакам да зборувам за тоа бидејќи тоа би ме растажило“, изјави египетскиот репрезентативец.