Салах го израмни рекордот на Азар

Мохамед Салах го повтори достигнувањето на Еден Азар. Со голот и асистенцијата на синоќешниот меч со Астон Вила, крилниот напаѓач на Ливерпул веќе има 24 гола и 15 асистенции во актуелното англиско првенство.

Тој стана првиот играч кој постигнал најмалку 15 гола и 15 асистенции во Премиер лигата по Еден Азар од Челзи во 2018/19 година. Белгиецот тогаш имаше 16 гола и 15 асистенции.