Салах како Лампард, само Руни и Ширер пред Египќанецот

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол во натпреварот од 10. коло од Премиер лигата против Астон Вила.
Со овој гол Салах стигна до 279 гола и асистенции во Премиер лигата (190 гола и 89 асистенции), исто колку и легендата на Челзи, Френк Лампард , кој има 177 гола и 102 асистенции.
Само Вејн Руни (311 гола и асистенции) и Алан Ширер (324) остануваат повисоко на оваа ранг-листа.
Покрај тоа, постигнатиот гол беше 250-ти на 33-годишниот Египќанец за Ливерпул во сите натпреварувања.
Да потсетиме дека Ливерпул ја победи Астон Вила со резултат од 2-0.