Салах одби да настапи на Олимписките игри
Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ја одбил поканата на
селекторот на египетската олимписка репрезентација за настап
на Олимписките игри во Париз.
Неговата одлука ја разочара нацијата, навивачите сакаа еден од
најдобрите фудбалери во светот да биде предводник на
„фараоните“ во Париз, но Салах има други планови.
Целта му е целосно да се посвети на подготовките на Ливерпул за
следната сезона и како еден од најискусните играчи во тимот што
е можно повеќе да му помогне на новиот менаџер Арне Слот.
Салах од оваа недела ќе биде во полн ритам на тренинзи во
клубот, а сака да ги одигра сите подготвителни натпревари со
Ливерпул, пред почетокот на Премиер лигата. Минатата сезона,
неговата седма во Ливерпул, постигна 18 гола на 32 натпревари
во Премиер лигата.