Салах одговори на шпекулациите околу негово заминување во Барселона
Последните медиумски извештаи од Барселона велат дека тренерот Чави е одлучен да го доведе 29-годишниот член на Ливерпул, Мохамед Салах, со што недвојбено би го засилил нападот на екипата.
Меѓутоа Салах во интервју за египетска ТВ куќа изјави дека иако е среќен да слуша дека гигант како Барселона е заинтересиран за него, тој сепак се чувствува одлично во Ливерпул и сака да остане на „Енфилд“.
„Во моментов, јас преферирам да останам во Премиер лигата бидејќи е најсилно натпреварување во светот. Мојот менаџерски тим сеуште води преговори со Ливерпул околу продлжување на договорот но одлуката за тоа е во рацете на водечките луѓе во клубот“, изјави Мохамед Салах.
Салах оваа сезона ја игра во константно одлична форма постигнувајќи 19 гола и 9 асистенции на 20 натпревари во сите натпреварувања.