Салах се израмни со Анри на вечната листа во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах оваа сезона на 19 натпревари во англиската Премиер лига постигна 18 голови и имаше 13 асистенции. Вчера Египјанецот постигна гол против Манчестер Јунајтед (2:2) и го запиша своето име во историјата на Премиер лигата.

Голот против Манчестер Јунајтед беше 175-ти за Салах во кариерата во Премиер лигата, а според овој показател се израмни со легендарниот напаѓач на Арсенал, Французинот Тиери Анри. Севкупно, сега и двајцата го заземаат седмото место во листата на стрелци во Премиер лигата.

Следна цел на Салах е Френк Лампард , кој има 177 гола. На врвот на листата е Алан Ширер со 260 голови пред Хари Кејн кој има 213 и Вејн Руни 208 гола.