Салах собори негативен рекорд во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, девет натпревари по ред не успеа да постигне гол во англиската Премиер лига. Вчера тој остана без реализација и на гостувањето кај Нотингем Форест во победата на „црвените“ од 1-0.
Последен пат Египќанецот постигна гол во Премиер лигата на 1 ноември во натпревар против Астон Вила (2:0). Оваа серија без голови е најдолгата на Салах откако заигра за Ливерпул во англиската Премиер лига.Вчера Салах го започна натпреварот, но беше заменет во завршницата. Салах има 27 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и осум асистенции оваа сезона.