Салах ќе биде наследникот на Роналдо во Јуве
Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Јувентус сака на лето да го донесе Мохамед Салах во своите редови. Медиумите тврдат дека италијанскиот шампиони на лето ќе се раздели со Дибала, а Роналдо е на залез на кариера, па сака да донесе нова ѕвезда во нападот. Прва ѕвезда е Мохамед Салах, чија иднина во Ливерпул е неизвесна откако влезе во конфликт со тренерот Клоп. Шпекулациите уште повеќе се засилија откако синоќа беше заменет во дербито против Челзи. Јувентус е спремен да се ослободи од Дибала за да го донесе Салах во Торино. Египќанецот својата фудбалска афирмација ја доживеа во Серија А каде со успех го носеше дресот на Фиорентина и Рома.