Салернитана бара спас за опстанок во Диего Коста
Екипата на Салернитана е на прагот да потпише договор со искусниот напаѓач Диего Коста.
Коста веќе ги договорил личните услови со последно пласираната екипа во Серија А, и ќе проба да помогне во нејзиниот опстанок во елитата.
33-годишниот голгетер е слободен играч кој неодамна го раскина договорот со шампионот на Бразил, Атлетико Минеиро.
Салернитана со трансферот на Диего Коста ќе направи интересно партнерство во нападот каде ќе игра заедно со уште еден искусен играч, Французинот Френк Рибери кој се приклучи на екипата минатото лето.