Самир Насри објави крај на кариерата
Самир Насри објави крај на својата фудбалска кариера. Поранешниот фудбалер на француската репрезентација објасни зошто веќе не сака да игра фудбал.
Тој истакна дека кариерата му ја уништи суспензијата која во 2018. година ја заработи поради допинг, иако тој тврди дека се работеше за витамини кои ги добивал бидејќи бил болен.
„Бев многу разочаран, сметам дека тоа беше лоша одлука. Не зедов ништо што не беше дозволено. Таа одлука ме уништи, а сега е време да ја завршам кариерата.“ – рече Насри.
Кога се појави на сцената и заблеска во Марсеј, многумина сметаа дека ќе стане еден од најдобрите француски фудбалери и носител на репрезентацијата, но тоа никогаш не се случи.
Беше продаден во Арсенал каде продолжи да се развива под водство на Арсен Венгер, за потоа да премине во Манчестер Сити.
Но, таму овој офанзивец започна да се „губи“, се менуваа и тренери, а тој не одговараше скоро на никого, па беше пуштен во Севиља. Од Севиља, се пресели во Анталијаспор, се обиде да ја спаси кариерата во Вест Хем и Андерлехт, но не успеа.