Само што се врати Милик пак се повреди

Од таборот на „старата дама“ соопштија дека Аркадиуш Милик заработил повреда на задната ложа, медиумите шпекулираат дека напаѓачот ќе паузира помеѓу четири и пет недели со што практично за него е завршена сезоната.
Аркадиуш Милик во последните две години не може да крене глава од повреди, Полјакот не одигра ниту една минута во сезоната 2024/25.
Тој конечно се врати на терените минатиот месец, одигра десетина минути против Сасуоло, а потоа доби и 25 минути на почетокот од апри против Џенова.
Но напаѓачот на вчерашниот тренинг заработи нова повреда, настрада задната ложа на десната нога.
Од таборот на Јувентус порачаа дека за десет дена ќе бидат направени нови тестови, но како што пренесуваат медиумите, Аркадиуш Милик ќе паузира помеѓу четири и пет недели, со што практично за него сезоната е завршена.
Според Калчо и Финанца, голгетерот оваа сезона го чини Јувентус околу 3,62 милиони евра, а неговиот учинок на теренот е минимален.