Сандерленд ја доби битката за Гранит Џака

Eкипата на Сандерленд го доведе своето деветто засилување ова лето откако го договори трансферот на Гранит Џака за кого ќе плата околу 20 милиони евра.
Џака со Сандерленд потпишал договор на две години, а пристигнува по одличиот период во Леверкузен каде што одигра две одлични сезони и освои двојна круна, но играше и во финалето од Лигата на Европа.
За Џака ова е враќање во Премиер лигата каде што претходно го носеше дреот на Арсенал и во лондонскиот клуб помина седум години.