Сандро Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио, Сандро Мамукелашвили ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата.
Крилниот центар на Спарс стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 34 поени за помалку од 20 минути.
На Грузиецот, роден пред 25 години во Њујорк, му беа потребни само 19 минути игра за да го „наполни“ кошот на Њујорк во победата 120-105.
Само еднаш не погоди од поле, погоди 13 од 14 удари, постигна седум тројки од исто толку обиди.
Ноќта на кариерата ја најави во првото полувреме, кога за само осум минути постигна 13 поени, забележа седум скока и асистенција. Во второто полувреме неговиот шут функционираше перфектно, продолжи без грешка да го полни кошот на Њујорк и да пише историја, постигна 21 поен во последната четвртина.
„МВП, МВП“, ечеше во салата.
Самиот беше зачуден. Тој едвај ги најде вистинските зборови за да го опише она што му се случи.
„Не знам што се случи, не знам што се случи“, со неверување повторуваше Мамукелашвили додека ги даваше првите изјави.
До натпреварот против Њујорк, неговиот сезонски рекорд беше 13 поени, кои ги постигна неодамна против Шарлот.
Каков подвиг е ова, можеби најдобро се илустрира со фактот дека историскиот натпревар го одигра играч чиј претходниот просек беше пет поени и 8,9 минути по натпревар.