Сане го напушта Баерн на крајот од сезоната

Лерој Сане влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а последните информации говорат дека нема да ја продолжи соработката со Баварците.

Германецот има договор со 2025 година и влезе во последната година од договорот, па Баерн сака што поскоро да стави потпис на нов договор.

„Скај Спорт“ открива дека Сане во овој момент е поблиску до заминување отколку до останување во Минхен.

Меѓутоа, клубовите од Премиер лигата, пред се Арсенал и Манчестер Јунајтед, ја следат ситуацијата и сакаат на лето да го доведат без обештетување.