Сане и Даер завршија со договорите со Баерн Минхен

Баерн Минхен се збогува со централниот дефанзивец Ерик Даер и крилниот напаѓач Лерој Сане. Договорите на двајцата играчи со германскиот клуб беа до 30 јуни 2025 година. Играчите на тој начин го напуштија Баерн како слободни агенти.
„Денес официјално е последниот ден на Ерик Даер како играч на Баерн! Ти благодарам за сè, Ерик!“, пишува во објавата на клубот од Минхен посветена на дефанзивецот.
„Ти благодарам за петте години во дресот на Баерн, Лерој Сане! Ти посакуваме се најдобро во иднина!“, му се обрати прес-службата на тимот на германскиот напаѓач.
Да потсетиме дека Ерик Даер ќе ја продолжи кариерата во Франција. Дефанзивецот потпиша договор со Монако, додека Лерој Сане ќе стане играч на истанбулски Галатасарај.