Сане одби неморална понуда од Ал-Итихад

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане ја одбил понудата да му се приклучи на клубот од Саудиска Арабија Ал-Итихад, објави „Sky Sports“. Се известува дека Ал-Итихад на играчот му понудил четиригодишен договор за вкупно 100 милиони евра, но Сане избрал да остане во Баерн и планира да потпише нов договор со клубот.
Во следните две недели се очекува Сане да склучи нов договор со Баварците со важност до 2028 година. Според условите на договорот, Сане ќе добива основна плата од 10 милиони евра по сезона, која може да се зголеми на 14 милиони евра и 16 милиони евра со бонуси.
Сане игра за Баерн од 2020 година. Сезонава одигра 42 натпревари, постигна 12 гола и пет асистенции./