Сантош: Португалија може да стане светски првак

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, ги објасни причините кои доведоа до изоставување на Гуедеш и Ренато Санчес од списокот на патници за Мундијалот во Катар.

„Гледавме и анализиравме се во овие неколку месеци. Повиците се базираат на она што го видовме и тука нема ништо ново. Сакаме да ги имаме најдобрите играчи и во напад и во одбрана. Можевме да направиме друг избор. До крајот имаше сомнежи, бидејќи некои играчи имаат слични перформанси и статистика. Преземам целосна одговорност за направениот избор“, изјави Сантош.

За амбициите на Португалија на шампионатот во Катар, Сантош додаде:

„Мислам дека можеме да целиме кон трофејот, овој тим има квалитет да го стори тоа. Според мене фаворит е Франција, тие и се актуелни светски шампиони“.