Санчез не е сериозно повреден, ќе паузира само две недели

Алексис Санчез има повреда и ќе отсуствува од терените најмалку 15 дена.

Така тренерот на Интер, Симоне Инзаги нема да може да се потпре на играчот за важниот меч со лидерот на табелата во Серија А, Наполи кој се игра в недела. Санчез во првото полувреме беше заменет при поразот на Чиле од Еквадор со 0:2 во светските квалификации, а медицинските тестови покажаа дека се работи за повреда на бутот.

32-годишниот Алексис Санчез има 10 натпревари и 1 гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Тој се уште нема голови во Серија А оваа сезона, откако одигра вкупно само 211 минути во сите натпревари.