Санчо голема желба на Луис Енрике и ПСЖ
Францускиот шампион Пари Сен Жермен му понудил договор на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо.
Според француски извори, позициите на играчот и клубот според условите на договорот се многу блиски. Англичанецот е заинтересиран за проектот на парижани, а и Манчестер Ј. е подготвен за негова брза продажба. Се истакнува дека се уште не е јасно која ќе биде цената на трансферот.
Минатата сезона Санчо одигра 24 натпревари во сите натпреварувања за „црвените ѓаволи“ и Борусија Дортмунд, на кои постигна три гола и даде три асистенции.
Крилниот напаѓач му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во јули 2021 година во трансфер кој изнесуваше 85 милиони евра.