Санчо пред потпис со Хетафе

Џејдон Санчо некогаш беше еден од најбараните фудбалери во светот, а веќе на 26 години го фаќа последниот воз за спас на кариерата.
Англискиот крилен напаѓач во летото 2021 година го засили Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 85.000.000 евра, по одличниот период во Борусија Дортмунд, каде што за три сезони постигна 49 и асистираше за 53 гола на 125 настапи.
На „Олд Трафорд“ целосно згасна, но на неговата сметка и понатаму пристигнуваа по 250.000 фунти неделно во текот на петте години од неговиот стрмоглав пад. Тоа значи дека заработил неверојатни 65.000.000 фунти. Во меѓувреме, беше испраќан на позајмици во Борусија Дортмунд, Челзи и Астон Вила, но ниту еден од овие клубови не можеше или не сакаше трајно да го преземе неговиот договор.
Минатото лето му истече договорот со „црвените ѓаволи“, па оттогаш чека нов ангажман. Се појави информација дека за него е заинтересиран Хетафе, кој е подготвен да му понуди само 400.000 евра до крајот на сезоната, односно 10.000 фунти неделно.