Сан Франциско домаќин на викендот на сите ѕвезди во НБА лигата
Голден Стејт Вориорс ќе бидат домаќини на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2025 година, што значи дека 74-тата средба на најдобрите светски кошаркари ќе се одржи во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, соопшти НБА.
Ова ќе биде третпат „Воините“ да бидат домаќини на „Ол стар“ викендот, откако првпат беа домаќини на „Ол стар“ викендот во 1967 година кога сè уште се нарекуваа Сан Франциско Вориорс, а натпреварот се играше во „Дејли Сити“, додека вторпат беа домаќини во 2000 година, кога играа во Оукленд.