Сараевски Железничар доаѓа во Скопје за роденденот на Вардар и „Комити“

Жељезничар од Сараево ќе гостува во Скопје на 23 ноември на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.

Навивачката група веќе го најави спектаклот на 23 ноември со почеток од 19:30 часот. Железничар е поранешен шампион на Југославија од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и Вардар кој беше шампион во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година.

Сараевчани доаѓаат на пријателски меч за да се одбележи големиот јубилеј на „црвено-црните“ и нивната најверна армија навивачи.