Сари во преговори за нов договор со Лацио
Калчомеркато ја пренесува веста дека тренерот на Лацио, Маурицио Сари започнал преговори за продолжување на договорот со клубот од Рим. Сари веќе се сретнал и ги започнал првичните разговори со претседателот Клаудио Лотито.
Челните луѓе на Лацио се решени да ја продолжат соработка со 63-годишниот Италијанец, но по се изгледа одлуката ќе биде за краткорочен договор. Актуелниот договор на Сари и Лацио е со важност до јуни 2023 година.
Екипата на Лацио се наоѓа на седмата позиција од табелата во Серија А, со освоени 49 бода.