Сари го носи Алајбеговиќ во Аталанта

Аталанта е на чекор до ангажман на крилниот напаѓач Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен.

Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, 18-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина е една од најголемите желби на клубот од Бергамо, кој наводно во овој момент е фаворит за неговиот потпис.

Трансферот би требало да изнесува околу 25 милиони евра, плус дополнителни бонуси, а интересно е што токму Аталанта била и првиот избор на младиот фудбалер бидејќи интерес за него покажуваа и поголеми клубови.

Една од причините поради кои Алајбеговиќ ја избрал Аталанта е присуството на искусниот сонародник Сеад Колашинац, кој треба да му помогне полесно да се адаптира во новата средина.

Во процесот на адаптација ќе му помогнат и српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ, како и црногорскиот напаѓач Никола Крстовиќ, кои веќе се дел од тимот од Бергамо.