Сари критичен на тревникот на „Олимпико“
Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран по вчерашното реми без голови со Удинезе во рамките на Серија А.
Неговиот тим одигра очајно во нападот откако најдобриот голгетер, Чиро Имобиле, мораше да го напушти теренот поради повреда уште во првото полувреме.
„Игравме против најлошиот можен противник, физичка свежа екипа во периодот во кој ние игравме три натпревари во седум денови. Теренот беше крајно лош“, вели тренерот на „римските орли“.