Сари: Лацио не заслужи да загуби во римското дерби

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, вели дека неговите избраници не заслужија да го загубат градското дерби со Рома во рамките на Серија А.
„Бевме подобар противник во првиот дел но, не реализиравме неколку шанси. Одигравме добар натпревар. Жалам за нашите навивачи бидејќи не го заслуживме поразот“, рече Сари.
„Во првиот дел немаше никаков сигнал дека можеме да го загубиме мечот“ – рече тренерот на „римските орли“.