Сари споменува оставка по лошите резултати на Лацио

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, по вчерашниот пораз на теренот на Салернитана, најави, дека размислува за заминување од Рим.

Неговиот тим го има дури десетто место на табелата со само 17 бодови што претставува најслаб почеток на сезоната во последниве десет години.

„Во наредните денови ќе размислам за ситуацијата и ако најдам докази дека јас сум виновен за тоа што се случува, прв ќе разговарам со претседателот и ќе си поднесам оставка“, изјави Сари пред мечот со Селтик во Лигата на шампионите.