Сари ја одбил Фиорентина, но Рома и Наполи остануваат опции
Наполи и Рома остануваат во игра за Маурицио Сари, кој според информациите од Италија се верува дека ја одбил понудата од Фиорентина. Сари и натаму е под договор со Јувентус до 2022 година, меѓутоа клубот од Торино би можел да го раскине тој договор на крајот од овој месец, но за тоа да го стори ќе треба да му исплати 2.5 милиони евра. Искусниот италијански фудбалски стратег беше отпуштен од Јувентус пред една година и покрај фактот што го предводеше тимот до деветото Скудето во низа. Сари не сакаше да го преземе кормилото на ниту една од заинтересираните екипи за неговите услуги во текот на сезоната, меѓутоа се верува дека тоа ќе го стори на лето, а наводно тој посакува да остане во Серија А.