Сасуоло ја одби понудата на Арсенал за трансфер на Скамака

Челниците на фудбалскиот клуб Сасуоло, не ја прифатија понудата на Арсенал за напаѓачот Џанлука Скамака, пренесуваат италијанските медиуми.
Наводно, висината на понудата од Арсенал за 23-годишниот голгетер изнесувала 41 милион евра, но истата е одбиена.
Освен Арсенал, најсериозен нтерес за ангажман на Скамака изразил и Интер од Милано.
Во минатата сезона Џанлука Скамака на 36 натпревари во Серија А, постигна 16 гола. Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2026 година.