Саудиска Арабија и Италија заеднички ја сакаат организацијата на СП 2030

Во трката за организација на СП 2030 се приклучува и Саудиска Арабија. Со оглед на тоа дека мундијалот ќе биде со 48 земји, Саудиска Арабија бара ко-домаќин и се разгледува идејата да го организира првенството заедно со Италија, и покрај тоа што двете земји се одалечени неколку илјади километри.

Втора опција е Саудиска Арабија да предложи кандидатура заедно со Египет и Мароко.

Интерес за организација на мундијалот во 2030 веќе пријавија неколку земји. Шпанија сака заедно со Португалија да биде домаќин, Велика Британија пак најави кандидатура заедно со Република Ирска.

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај исто така изразија намера да го донесат мундијалот во Јужна Америка.