Саудискиот принц за победата над Аргентина на секој играч му поклонува автомобил Ролс Ројс

Репрезентацијата на Саудиска Арабија направи големо фудбалско изненадување со победата над Аргентина на СП во Катар.

По тој повод принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, одлучил на секој од 26 репрезентативци да им подари по еден автомобил од брендот Ролс Ројс фантом, кој е еден од најскапите автомобили на светот. Неговата цена во зависност од опремата изнесува од 500 до 700 илјади евра.

Познато е дека шеиците и во минатото ги наградувале фудбалерите за своите одлични достигнувања, но оваа награда е една од највредните досега.