Саудијците го сакаат и Бруно Фернандеш
Ал Хилал тргнува во акција за купување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, пренесува британски „Дејли Стар“.
29-годишниот португалски репрезентативец, кој од јануари 2020 година го носи дресот на „црвените ѓаволи“, наводно веќе одбил една понуда од првиот човек на Ал Хилал, но раководството на клубот од Ријад не сака така лесно да се откаже од негов ангажман.
„Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус, е сериозно заинтересиран за Фернандеш, со кого веќе со кого веќе соработуваше во Спортинг во сезоната 2017/2018. Па нема да се откажат од обидот за ангажман, веќе на крајот од актуелната сезона“ – пишува „Дејли стар“.