Саудијците кои го купија Њукасл преговараа и со Милан
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија размислувал да го купи и италијанскиот гигант Милан, откри Аманда Стејви, која сега е дел од раководството на Њукасл. Претходно се појавија информации дека шеиците сакаат да го купат Интер и Бордо.
„Разговаравме со Милан и со Интер исто така, но проблем е структурата на Серија А односно тамошната бирократија. За кратко се насочивме и кон Бордо. Повеќе немаме интерес кон Интер“, изјави Стејви.
Според италијанскиот весник „Либеро“, арапскиот инвестициски фонд бил спремен да инвестира 1 милијарда евра за еден од двата милански гиганти.