Саутгејт: Англија може да го освои Светското првенство

Селекторот Гарет Саутгејт верува дека репрезентацијата на Англија може да го освои Светското првенство, но истакнува дека за тоа треба да одиграат совршен турнир во Катар.

Англичаните играа полуфинале на СП во 2018 година, а минатото лето стигнаа до финалето на Европското првенство.

„Му кажав на играчите дека ако можеме да стигнеме до полуфинале, можеме и до финалето. Ако веќе дојдеме до финалето, тогаш можеме да ја освоиме титулата.Знаеме дека последниве години нашата репрезентација бележи добри резултати и мислам дека сме една од екипите која може да го освои трофејот“, изјави Саутгејт.