Саутгејт го води Вајт наместо Александар-Арнолд на Европското првенство
Стручниот штаб на репрезентацијата на Англија денеска го објави името на фудбалерот кој ќе биде замена на повредениот Трент Александар-Арнолд во селекцијата на „Гордиот Албион“ за престојното Европско првенство.
Според англиските медиуми, станува збор за дефанзивецот на Брајтон, Бен Вајт.
Фудбалерот на Ливерпул, Александар-Арнолд се здоби со повреда на бутот на пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Австрија (1-0) и ќе мора да пропушти шест недели од фудбалските терени.
