Саутгејт го повика Бамфорд во англиската репрезентација

Напаѓачот на фудбалскиот состав Лидс, Патрик Бамфорд, може да дебитира за Англија откако доби повик за квалификациските мечеви со Унгарија, Андора и Полска, кои ќе бидат одиграни во почетокот на септември.
Селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, за мундијалските квалификации го врати во тимот десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, кој го пропушти Евро 2020 поради повреда како и крилото на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.
Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел, кој не настапи за лондончани на првите два меча во новата сезона отпадна од списокот.