Саутгејт добива нов договор со Англиската федерација
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, најверојатно ќе го продолжи договорот со ФА кој му истекува во декември во 2024 година, велат денешните информации од „колевката на фудбалот“.
Тие наведуваат дека 53-годишниот стратег кој го презеде кормилото во 2016 година, ќе остане на чело кај „Гордиот Албион“ најмалку до 2026 година. Саутгејд ќе ги води Англичаните на претстојното Европско првенство во Германија. Таму во првата групна фаза ќе го очекуваат пресметките селекциите на Словенија, Данска и Србија.
Англија и беше противник на Македонија во квалификациите за ЕП. Првиот меч го загубивме со 7-0 а во вториот во Скопје одигравме 1-1.